Граѓанска и единствена Македонија чекори кон подобра иднина за сите, и ниту една лага на Никола Груевски тоа нема да го спречи, велат од СДСМ во писмена реакција по Фејсбук статусот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
„Мнозинството граѓани, над 612 000, храбро и сплотено избраа промени, избраа живот и подобра иднина. Мнозинството граѓани гласаа за ставање крај на корпутивниот режим на Груевски и фамилијата. Македонија наскоро ќе добие влада на граѓаните. Промените се случуваат, граѓанска единствена и слободна Македонија оди напред и тоа никој не може да го спречи.
Никола Груевски цели десет години злосторнички се однесуваше кон Македонија и нејзините национални и стратешки интереси.
Груевски и неговите најблиски соработници ќе одговараат пред институциите на системот за грабежот, криминалот, корупцијата, личните, професионални и семејни трагедии што им ги нанесоа на граѓаните на Република Македонија.
Лагите на обвинетиот Груевски за наводни редефенирања, федерализации и кантонизации на државата се последица на стравот од соочување со правдата која доаѓа.
Никој повеќе не му верува на обвинетиот Груевски. На граѓаните на Македонија им е јасно дека под закана се само привилегиите на Груевски и фамилијата“, стои во реакцијата на СДСМ