fbpx
7.8 C
Skopje

Тврдокорни: Дали може да престанете да се изживувате со народот

АКТУЕЛНО

Во продолжение интегрален текст од соопштенето на  МПЗ „Тврдокорни“:

Според дадениот збор во втората точка на Прогласот пред маршот организиран од МПЗ „Тврдокорни“ излегуваме со барање за ЈАВЕН отчет.

После масовно поддржаниот најдостоинствено изведен марш насочен против долгогодишните антимакедонски политики кои својот врв го постигнуваат со класичното предавство извршено од македонските партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околку „албанската платформа“ Б А Р А М Е ЈАВЕН ОТЧЕТ од „преговарачите“ за новата повеќе призренска отколку македонска Влада. Отчет не за што се преговара и договара туку зошто воопшто преговарате за обликување Влада под дрски противуставни и противмакедонски барања пропратени со инкриминирачки уцени? Преговори пропратени со целосно понижување на македонското достинство: да се откажеме од македонскиот карактер на Република Македонија.

Зошто, некој да не мисли дека имаме страв или дека нешто им должиме на албанците!? Некој да не мисли дека со по некоја закана какви што веднаш после маршот добивме туку така ќе се откажиме од Македонија!?

Правото и законот никој не може да ги излаже, има само маловерни и нерешителни да се изборат за своите права. Легитимноста е најголемата и одлучувачка победничка сила. Секој договор кој е донесен под уцени е неважечки и како таков судски ќе биде нападнат. Дури и Рамковниот договор е противправен затоа што политичкото не го прави правно безправното.
Објаснете која е причината да им го правиме кефот на бескрајните барања на албанските политичари. Има ли воопшто некоја правна основа!? Има ли било каква причина за да бидат погазени скапо платените македонските историски права над македонската државност, освен вашата желба за власт. Сте го прашале народот или барем партиското членство дали се согласува со барањата внесени во т.н. албанска платформа.

Се што можиме да видиме и заклучиме е дека преговарате како целосно корумпирани политичари кои претходно го попречија развојот на правниот и демократскиот систем и се што сте донеле било само за зголемување на власта и можностите за самоволие.

Дали може да престанете да се изживувате со народот!?
Дали може да попуштите со материјалното стегање на нашиот македонски врат затоа што веќе толку ни е тесно што не знаеме што, ама нешто ќе се случи!? А ако се случи, вие ќе бидете виновниците и најлошо ќе си поминете!
Дали можи родени како Македонци да седнете и еднаш засекогаш да се договорите за заедничките македонски интереси!? И за нив и со нив повеќе да не се занимавате во вашите кампањи ниту да тргувате во било какви преговори!

Не очекувајте дека со овде онде некоја формална поддршка или тапкање по рамо некогаш ќе отапи оштрицата на нашата критика кон вас. А заслужни сте за секаква критика.
Затоа што очебијно е дека гледаме политичари без чувство за државност кои со секоја одлука го обезвреднуваат, потценуваат и го навредуваат сопствениот народ. Презадоволени од привилегии и задоволства слепи за да ги согледате тешките состојби кај народот, кај обичните граѓани.
Ние родољубите кои се нарекуваме „тврдокорни“ не го почитуваме вашиот авторитет. Од вашите дела се што гледаме е самоволна власт и деструктивна опозиција. Ако било која од двете судрени партиско-олигархиски страни на долгогодишната политичка криза имаше исправност досега оваа криза ќе беше завршена.

Ние Македонците и како граѓани имаме право и го очекуваме вашиот одговор, а дополнително народот кој не поддржува како МПЗ „Твродкорни“ ни го дава легитимитетот во нивно име да ве повикаме на отчет кога одлучувате за нашата иднина.

Ваши Тврдокорни

Македонец за Македонец, брат за брат!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -