14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ФОТО: Протестен марш против двојазичноста!

Уште еден протестен марш, овој пат започна од пред Влада, а како негови организатори се јавува иницијативата „Заедничка Македонија“.

И овој протест, како и претходниот организиран од здружението „Тврдокорни“ е против заедничката платформа на албанските политички партии, во која се бара двојазичност односно издигнување на албанскиот јазик на ниво на македонскиот, како втор официјален јазик во Република Македонија.

Учесниците на протестот тврдат дека ова не е само протест преку кој сакаат да го изразат својот револт, но сакаат да пратат и порака до оние кои преговараат за платформата, дека треба да ја отфрлат барањата од истата, бидејќи како што велат, со тоа се разнебитувала државата.

Учесниците го започнаа протестниот марш од Влада, а во моментов се наоѓаат пред Собранието на Република Македонија. Тие извикуваат „Македонија на Македонците“ „Македонско име нема да загине“ „Проклети да се предавниците“ “Нејќам три, нејќам два, еден јазик сакам јас“.

 

поврзани објави

Последни објави