20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Претседателот на Јапонија и Обама во посета на Перл Харбор

Јапонскиот премиер Шинзо Абе и американскиот претседател Барак Обама имаа симболичка историска посета на Перл Харбор во знак на сеќавање на жртвите од јапонскиот напад на воената база во Втората светска војна.

Во воздушниот напад кој се случи на 7 декември 1941 година загинаа околу 2400 американски војници. Абе, кој е првиот јапонски премиер кој заедно со Обама се појави во Перл Харбор, не се извини за нападот на воената база. Обама ја нарече посетата на Абе на хавајската база историски гест кој е потсетник дека и најдлабоките рани од војните може да отворат пат за пријателство и траен мир.

Претходно годинава Обама стана првиот американски претседател кој ја посети Хирошима каде што Соединетите Американски Држави фрлија атомска бомба во 1945 година при што загинаа десетици илјади луѓе.

поврзани објави

Последни објави