13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ФОТО: Напаѓачите се дадоа во бегство по нападот на новинарите!

Протестот на граѓанската организација „За Заедничка Македонија“ денес повторно започна од пред Влада, а насобраната толпа на луѓе откако ја испејаа химната на Република Македонија, се упатија кон Собрание.

Вчера, актерот Владо Јовановски, додека даваше изјава за медиумите ги повика граѓаните на мирен протест, бидејќи како што рече може да има и провокатори.

Денес, протестниот марш се одвиваше во мирна атмосфера, но крајот беше крунисан со напад врз новинар и снимател на А1он.

Нападот се случил додека новинарот и снимателот професионално ја вршеле својата работа, при што биле нападнати од повеќе лица од зад грб. Напаѓачите се дале во бегство, а истите се фотографирани како веднаш после нападот трчаат кон градскиот трговски центар.

Фотографијата е превземена од порталот „СакамДаКажам“.

 

 

поврзани објави

Последни објави