Интегрираниот тарифен систем кој важи за сите превозници вклучително и приватните превозници стапува на сила од 1 јануаи 2017 година, информираат од Град Скопје
Почнувајќи од новата година, корисниците на јавниот превоз задолжително треба да поседуваат електронска картичка, која може да се набави во сите продажни места на ЈСП СКОПЈЕ, дополнителните продажни места од мрежата за продажба на 50 различни локации и во сите автобуси на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници.
Со влегувањето во сила на Интегрираниот тарифен систем, Градот Скопје донесе одлука за промотивен период од еден месец, при што со секоја купена неперсонализирана електронска картичка следуваат 5 гратис возења. Ве известуваме дека доколку сакате да користите јавен градски превоз задолжително треба да имате електронска картичка со запишан билет или надополнет паричник. За единствено возење се користи електронскиот паричник – соопштуваат од градската власт.