13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Заев: Нема да дозволиме контра провокации!

Претседателот на СДСМ Зоран Заев рече дека денеска со Ахмети требало да зборуваат за програмата на идната Влада, но Иванов со неговата одлука ја сменил рамката на самиот разговор, при што консатирале дека е потребно да апелираат да се сочува стабилноста и спокојот во Република Македонија.

„Ние денеска со Ахмети требаше да имаме прв начелен состанок после добивање на мандат, за жал не успеавме да разговараме на таа тема бидејќи бевме информирани дека Иванов донел одлука да не го довери мандатот на партијата која ги обезбеди потребните пратенички потписи. 

Денеска требаше да зборуваме за програмата на идната влада, расправа за ресори, кадровски решенија, но не разговаравме за тоа. Констатиравме дека е мудро да апелираме да ја сочуваме стабилноста и спокојот во Република Македонија 

Зборувавме дека за следните чекори мора да размислиме мудро, ние нема да дозволиме контра провокации иако можеби некој тоа го очекува“, рече Заев

Во однос на тоа што точно е договорено со ДУИ, лидерот на СДСМ рече дека тоа се документи кои треба да произлезат од евентуален договор, кои би биле преточени во програма на Влада, а за се што било разговарано било за зајакнување на унитарноста на Република Македонија.

„Во неколку пати трансапрентно зборував, сето тоа што е разговарано се начела и принципи кои се во рамки на Уставот на Република Македонија. Документите кои треба да произлезат од евентуален договор, се документи преточени во програма на Влада, која се доставува до Собранието на Република Македонија. Доколку се добие мандатот, ние поминуваме на разговори за сите други детали“, вели Заев.

Според Заев, протестантите под мотото „За заедничка Македонија“ се изманипулирани наши граѓани кои го штитат Груевски и оние околу него.

поврзани објави

Последни објави