6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Павловска Данева: Иванов вкоренува опасен преседан во уставната практика во нашата држава!

Одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванво да не го довери мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој ги обезбеди потребните потписи кои му беа побарани од страна на претседателот на државата, повторно предизвика лавина од реакции од страна на интелектуалците, правниците и универзитетските професори во нашата држава.

Универзитетската професорка Ана Павловска Данева во изјава за Поглед.мк, истакна дека Иванов воспоставил опасен преседан кој го вкоренува во уставната практика на државата, а со тоа покажува класично непочитување на Уставот.

„Се работи за класично непочитување на уставната одредба според која Претседателот е должен да го даде мандатот (чл 90-. Уставот не вели “може да го даде“ туку “должен е“. Оттука претседателот нема дискреционо право на избор какво дејствие ќе преземе туку има обврска да постапи на утврдениот начин. 

Понатаму, во ниту еден член од Уставот не е утврдена можноста Претседателот на државата да го условува давањето на мандатот со било какви услови поврзани со програмата на идната Влада или програмата на партијата која обезбедила мнозинство во Собранието“, вели Данева.  

Професорката додава дека тој може да го искаже својот став за и околу платформата, да предупреди на евентуалните последици од нејзините (не)прифаќање, да укаже на одредени политички состојби, но нема никаква правна можност да го услови давањето на мандатот и тие услови да ги поврзе со сопствените политички ставови и определби.

„Граѓаните во вакви турбулентни времиња не можат да бидат мирни и со Иванов, и без него, но правниците во нашата држава со право се, и треба да бидат крајно вознемирени. Тој создава уставна практика на непочитување на Уставот од страна на шефот на државата. Тоа е не само лош, туку опасен преседан кој Иванов го вкоренува во уставната практика во нашата држава. Во управната наука постои една т.н теорија која ја развиваат двајца автори и по едниот од нив го добила називот “Питерсов принцип“. 

Тој оафразирано гласи: Секој во својата кариера се стреми да се искачи на ниво на сопствената некомпетентост. Ете тоа, за жал му се случи на Ѓорѓе Иванов“, смета универзитетската професорка Павловска Данева.

поврзани објави

Последни објави