3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Села го доби својот наследник: Мустафа Забзун е новиот градоначалник на Струга

Градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села денеска поднесе оставка од функцијата, а за негов наследник го назначи Мустафа Забзун.

Досегашната функција како градоначалник на општина Струга, Села ќе ја замени со пратенички мандат кој му беше даден од граѓаните на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 11 декември.

-Од денес ќе имате нов градоначалник на Струга, кој според Законот ќе ме заменува мене, бидејќи јас ќе бидам пратеник. Дозволете ми да ви се заблагодарам на сите за соработката. Секогаш може подобро, сме можеле и подобро да направиме. Сме дебатирале на различни теми сме презентирале различни идеи, но сме немале моменти со лоши ситуации кои можат да го доведат Советот во незгодна позиција. Политичките интереси сме ги оставале и сме гласале за одлуки во интерес на граѓаните, рече Села.
Новиот градоначалник на Струга и досегашен советник од партијата на Села, Мустафа Забзун се заблагодари за укажаната доверба и вети дека ќе се потруди да биде успешен во интерес на граѓаните.

На градоначалничката функција Села дојде во 2013 година како кандидат на ДПА, но подоцна се отцепи од партијата и формираше нова политичка партија, Движење за реформи на ДПА.

поврзани објави

Последни објави