13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Арнаудов: Ниедна влада нема право да ја редефинира државата и да спроведува целосна двојазичност!

Ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та, це­лос­на дво­ја­зич­ност, ме­ну­ва­ње на на­ци­о­нал­ни­те сим­бо­ли и на иден­ти­тет­ски­те обе­леж­ја се тер­ми­ни кои се од уста­вен ка­ра­ктер на се­ко­ја др­жа­ва. За нив­но спро­ве­ду­ва­ње е по­тре­бен по­ви­сок сте­пен на де­мо­крат­ско од­лу­чу­ва­ње. Ни­ед­на вла­да и со ни­кој за­кон не мо­же да го спро­ве­де тоа, вели Ламбе Арнаудов, член на ИК на ВМРО-НП, во интервју за Република.

Арнаудов вели дека за законите предвидени со албанската платформа да станат уставни се потребни повеќе од 200 амандмани.

„Јас ка­ко пра­те­ник во Со­бра­ни­е­то на Р. Ма­ке­до­ни­ја учес­тву­вав во ра­бо­та­та на устав­на­та ко­ми­си­ја. Со­др­жи­на­та на Уста­вот, кој во ос­нов­ни­от текст има са­мо 134 чле­на, е мно­гу лес­на за тол­ку­ва­ње. Проб­ле­мот на­ста­ну­ва то­гаш ко­га до­а­ѓа вре­ме на устав­на при­ме­на. При мо­ја­та си­му­ла­ци­ја, за за­ко­ни­те пред­ви­де­ни од ал­бан­ска­та пла­тфор­ма да ста­нат дел од Уста­вот, беа по­треб­ни по­ве­ќе од 200 аманд­ма­ни. Би­деј­ќи се­ко­ја ин­тер­вен­ци­ја на член на Уста­вот по ге­о­ме­три­ска про­гре­си­ја ба­ра ин­тер­вен­ци­ја и на оста­на­ти­те слич­ни и по­вр­за­ни чле­но­ви. Не знам кој ко­го са­ка да над­му­дри? Да­ли За­ев да ги из­не­ве­ри ал­бан­ски­те пар­тии или ал­бан­ски­те пар­тии да ги из­не­ве­рат сво­и­те гла­са­чи, да ја на­вре­дат обе­ди­не­та­та ал­бан­ска ди­јас­по­ра и тру­дот на ал­бан­ски­от пре­ми­ер Еди Ра­ма да го на­пра­ват за­лу­ден. Ова е не­што што ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни нај­мал­ку го по­са­ку­ва­ат“, вели Арнаудов.

поврзани објави

Последни објави