14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Протест немаше, само музички хепенинг

Од иницијативата „За заедничка Македонија“ денес немаше протест, но се организираше музички хепенинг, каде беа изведувани македонски, но и странски песни.

„Платформата беше донесена после изборите. Нема што да се додаде, ниту да се коментира. Сето тоа е неприфатлив начин, шибицарски пристап“, изјави Борис Дамовски, од иницијативата „За заедоничка Македонија“.

Музичкиот хепенинг се одржа во паркот „Жена борец“, додека од спортивната страна имаше полициски специјалци кај Собранието. Во претходните денови се маршираше од Владата до Собранието, но денес тоа не се случи, а најверојатно нема да се маршира ниту во иднина.

Покрај Скопје, музички хепенинг имаше уште во Охрид, Битола и Прилеп.

поврзани објави

Последни објави