fbpx
11.8 C
Skopje

Пешевски на бизнис форум во Торонто

АКТУЕЛНО

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Владимир Пешевски зеде учевство на бизнис форум за рударството, во Торонто, каде беа презентирани можностите за инвестиции во рударството.

„Република Македонија е позиционирана на 10-то место во светот и на 5-то место во Европа во извештајот „Доинг бизнис 2017“ на групацијата Светска банка, што претставува напредок од 84 позиции во однос на 2006 година. Според публикацијата на Херитиџ фондацијата „Индекс на економски слободи 2017“, земјата се наоѓа на 31-то место во светот и 18-то во Европа, во групата на економски слободни земји, со напредок од дури 17 позиции за само една година. Просечната даночна стапка од 7,4% е една од најниските во светот, што ја прави земјата лидер во регионот и атрактивна дестинација за странските инвеститори.

Македонија е земја богата со минерални ресурси. Во моментов во фаза на отворање се девет нови рудници за метални руди, се вршат геолошки истражувања на дополнителни девет локации, а четири потенцијални локации се во фаза на подготовка за геолошки истражувања. Геолошките истражувања покажуваат дека во почвата има присуство на повеќе видови на метални руди: олово, цинк, бакар, злато, сребро, никел, манган, антимон и железо“, рече Пешевски.

Тој пред присутните го претстави и Законот за експлоатација на минерални суровини и концесиските трошоци за геолошки истражувања и експлоатација.

„Имаме современ закон за експлоатација на минерални суровини, поволни концесиски трошоци, а ако се земе во предвид дека веќе постои инфраструктура и персонал со искуство во вршење на рударски работи, може да очекуваме овој сектор дополнително да се развива во иднина“, заврши Пешевски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -