20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Пронајдена уште една црна кутија од рускиот авион

Руските нуркачки тимови успеа да пронајдат уште една црна кутија од рускиот воен авион Тупољев 154, кој на 25 декември падна во водите на Црното море, соопшти руското Министерството за одбрана.

Вчера беше пронајдена првата црна кутија со податоци од паднатиот авион која беше испратена на анализа во Москва, се очекува и втората црна кутија во најскоро време да биде испратена во Москва каде би се анализирала и нејзината содржина што би довело до порбзо расчистување на случајот, меѓутоа дешифрирањето на црните кутии со податоците од авионот би можело да потрае и неколку недели. Дел од медиумите ја цитираат снимката од првата пронајдена црна кутија, и според нивните неофицијални информации пилотот почувствувал дека нешто не е во ред со авионот и неговите последни зборови биле:

„Брзина 300. Ги прибрам крилцата, команданте. Капетане, паѓаме!“

Во потрагата учествуваат 45 бродови, 15 подводни дронови, 192 нуркачи, 12 авиони и 5 хеликоптери.

Во воениот руски авион тупољев 154 имаше вкупно 92 патници, неколку членови на екипажот, воени лица, 9 новинари на телевискиот центар „Останкино“, како и 64 члена на воениот руски ансамбл Александров. Руското министерството за одбрана наведе дека досега се пронајдени телата на 17 жртви и повеќе од 1.500 делови на авионот.

поврзани објави

Последни објави