fbpx
13.8 C
Skopje

ВИДЕО: Спасовски- Работиме на варијанти што следуваат, најважно е Иванов да се вразуми

АКТУЕЛНО

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција истакна дека најважно од се е Иванов  да се вразуми, а дека тие ги разгледуваат сите варијанти.

Зошто не побарате да се свика Собранието, да се избере претседател на Собранието и да се распишат локални избори?

Ние работиме на варијанти коишто следуваат меѓутоа најважната работа е Иванов да се вразуми и да го даде мандатот со тоа што ќе ги исполни своите уставни овластувања. Ова претставува директно кршење на Уставот, рушење на уставниот поредок и токму заради тоа и денешната прес конференција и повикот навистина г-динот Иванов да направи се, да помогне Македонија да излезе од оваа криза. Изборот на Парламентот и сите други работи којшто претходат, сигурно дека мора да се случат меѓутоа најважно од се е Македонија да добие што е можно побрзо Влада.

Како го коментирате денешното писмо на Иванов и дали навостина Платформата е предуслов за формирање влада?

Прво, Иванов во услови кога го прекрши Уставот на Република Македонија, кога на еден груб начин го погази членот 90 во којшто јасно се укажува дека Парламентарното мнозинство на партијата или партиите го добиваат мандатот за составот на Влада, тоа не го стори. Ја вовлече Македонија во дополнителна криза, ги крена тензиите кај граѓаните, било какво писмо, било какво обраќање е само негово оправдување. Ние како Социјалдемократски сојуз разговараме за идна програма на Владата на Република Македонија, таа програма на Владата на Република Македонија, на една реформска влада, за Македонија напредна, за Македонија единствена, за Македонија едно општество на сите граѓани на Република Македонија ќе биде презентирана пред македонскиот парламент, а со тоа и пред граѓаните на Република Македонија и таа програма на Владата е програма за унитарна Македонија, за Македонија на сите граѓани. Сето друго се изговори кои се во функција на одредени политички структури во Република Македонија, на нивна заштита и токму заради тоа нема што тука да се коментира освен како едно оправдување коешто си го бара самиот пред себе и верувам и пред македонската јавност.

Иванов денес испрати писмо, но вие се сретнавте со претставници на тие држави до кои беше адресирано писмото. Кои беа нивните пораки?

Има денеска разговори во однос на тоа прашање, не само денеска туку разговараме постојано со сите меѓународни претставници со пријателите на Република Македонија. Главната порака е Македонија да добие Влада што е можно поскоро, заради тоа што само на таков начин може да се смират тензиите и кризата да го доживее својот крај, а Република Македонија да почне да се движи напред, да се прават реформи она за што впрочем сите ние имаме обврска или сме превземале обврска пред граѓаните на Република Македонија.

Што ако Иванов и понатаму не го даде мандатот и кои се следните опции?

Ние очекуваме дека кога има Иванов избор од една страна Македонија и граѓаните на Република Македонија, и од втора страна заштита на одредена политичка структура или спас од криминалот, дека се уште има време да се предомисли и да застане на страната на граѓаните на Република Македонија, бидејќи знаете вие дека, имаше и протести претходно во Република Македонија, после една одлука за амнестија на одредени политички структури во Република Македонија. Се предизвикаа сериозни протести и негодувања кај граѓаните којшто беа за заштита односно се спротивставуваа за заштитата на криминалот. Денеска имавме протести којшто ја поддржуваат одлуката на Иванов да го руши уставниот поредок и повторно да го штити криминалот. Од тој аспект ќе направиме се да врз основа на правен легитимитет, врз основа на уставните можности да се добие мандат од стана на Иванов и да се формира новата реформска Влада.

До кога ќе чекате да го добиете мандатот од Иванов?

Во однос на свикувањето на собранието, ви одгворив претходно што значи работа за свикување на Собранието, а друго е избор на Влада. Значи ќе направиме се во целиот овој период преку сите можни расположливи демократски и правни средства за да ги оствариме уставните начела и да ја формираме новата влада.

Дали со тоа што го чекате Иванов да се предомисли и не преземате ништо, оставате простор и понатаму да се разгоруваат страстите?

Ние преземаме се што е во наша можност. Наша цел е да се смират тензиите. Наша цел е да не продолжи конфликтната состојба и поделбата, наша цел е да не ја брануваме јавноста и да создаваме нереди кои можат да прераснат и во пошироки размери. Затоа постојано повикуваме кај граѓаните да преовлада разумот, да бидеме дел од луѓето кои ја имаат сериозната одговорност за мир и стабилност во Македонија и таа состојба на делување е најголемата порака до оние кои во овој момент креираат одредени кризи. Затоа, СДСМ прави се и ќе прави се и понатаму да не дозволи во ниту еден момент да се случи да ескалираат состојбите, заради тоа што ескалација на состојбите најмногу му одговара на ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство. Мораме да направиме се за на еден транспарентен мирен начин, почитувајќи ги сите уставни законски и политички норми да дојдеме до формирање на влада.

Повторно побаравте од претседателот Иванов веднаш да ви го даде мандатот. До кога планиртате да барате веднаш да ви го додели мандатот?

Ние побаравме веднаш како што побаравме и првиот ден кога тој го прекрши Уставот и ќе го повикуваме секој ден и секој час да биде разумен да се сети на Република Македонија и нејзините граѓани и да се издигне над политиката која што сега во овој момент му е во прв план се со цел да не создава дополнителна уставна криза и да не создава дополнителен страв, туку да си ја оствари неговата уставна определба за добивање на мандат и состав на новата влада.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -