6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Кирил Лазаров: ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ РАБОТИ – да го зачуваме нашиот идентитет и интегритет!

Граѓанската организација „за заедничка Македонија“ веќе седум осум дена протестира низ улиците на Република Македонија, а истата наиде на поддршка од повеќе актери, уметници, пејачи меѓу кои актерот Владо Јовановски, пејачката Калиопи, уметникот Сашо Гигов – Гиш. Денес својата поддршка за како што вели, зачувување на идентитето и интегритетот на државата ја даде и капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров.

Тој на својот профил на Фејсбук вели дека се чувствува загрижен за последните случувања во Република Македонија, а како Македонец чувствува потреба да ја даде својата поддршка за граѓанската иницијатива „за заедничка Македонија“.

Статусот на нашиот ракометар Кирил Лазаров ви го пренесуваме во целост: 

Искрено,загрижен сум со случувањата последно време во нашата Македонија.�Чуствувам потреба како Македонец да го споделам своето мислење пред целата Македонска јавност.�Ги почитувам сите граѓани подеднакво во Република Македонија без разлика на нивната верска,национална и партиска припадност.�Драги Македонци,за да бараме почит од други и да ја добиеме прво треба сами себе да се почитуваме-За МАКЕДОНИЈА се работи!!!�Да го зачуваме нашиот идентитет и интегритет,да зачуваме нешто што сме наследиле и е наша обврска и должност да го пренесеме на нашите идни поколенија,да го зачуваме она што е наше и што ни припаѓа…�Подршка за Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија.�#едноимеимамезанегоживотживееме#слушајтегогласотнанародот�ПС:напишано од срце со чиста мисла и слободен ум�МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

 

 

поврзани објави

Последни објави