13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Средби на министерот Попоски со европратеници во Брисел

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски во Брисел оствари средби со членови на Европскиот парламент.

Министерството за надворешни работи преку соопштение известува дека Попоски истакнал дека регионот минува низ фаза на тензии и прашалници за иднината.

„ЕУ е истовремено под влијание на внатрешните проблеми. Во такви околности, за нас е најпаметно да се обединиме околу интеграција во Унијата и вистинските вредности кои се подзаборавени. Тоа е секако покорисно, отколку да си ги прецртуваме границите. Брисел може да помогне со тоа што ќе го направи членството достижно и реално за оваа генерација македонски граѓани“, истакнал Попоски.

поврзани објави

Последни објави