7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Нишани во Бујановац и Прешево пречекан со „Добредојдовте претседателе“

Денес во српските Бујановац и Прешево во посета беше претседателот на Албанија, Бујар Нишани каде беше пречекан со порака напишана само на албански јазик – „Добредојдовте претседателе“.

„Посетата на српскиот премиер на Тирана и посетата на албанскиот премиер на Белград, се однесуваат на правото на образование, потребата на националните симболи, правото на економски развој кој ќе биде зацврстен со понатамошен развој и унапредување на односите меѓу Албанија и Србија“, изјави Нишани.

Од страна на српската дипломатија односно Ивица Дачиќ, посетата на Нишани воопшто не е спорна, но она што загрижува се пораките кои биле испратени.

Интересно е тоа што Нишани е првиот албански претседател кој ја посетил Србија, уште од Енвер Хоџа во далечната 1948 година.

поврзани објави

Последни објави