fbpx
11.8 C
Skopje

Тврдокорни на средба со Заев: СДСМ да ја отфрли платформата!

АКТУЕЛНО

Новоформираното македонско патриотско здружение кое зад себе веќе има еден организиран марш за Македонија, денеска оддржа средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски.

Од страна на здружението се изнесени нивните гледишта за и околу платформата на албанските политички партии, за која како што велат самите, е ништожна, неважечка и претставува брутален акт на агресија кон нашата земја.

„Од наша страна до раководството на СДСМ е побарано јавно да ја отфрлат албанската платформа и да ја прифатат како чиста уцена на штета на Македонија. Доколку Албанците и евентуалните идни коалициони партнери навистина сакаат искрено да расчистат со Никола Груевски и неговата врхушка, токму партиите на Албанците и самите пратеници Албанци во СДСМ, ќе ја повлечеа платформата од преговарачката маса.
Токму заради ова, самата платформа ја сметаме за класичен нож во грб на нашата држава, од страна на албанските партии, кои во овој момент се обединија околу една агенда која е чисто деструктивна и непријателска кон нашата земја“, се вели во соопштението на „Тврдокорни“ по средбата со лидерот на СДСМ.

Тие велат дека му укажале на раководството на СДСМ дека доколку платформата, биде дел од идните договарања за влада, тие ќе ги сметаат за нивни противници и противници на Република Македонија.

„Би сакале ние да грешиме, но се плашиме дека со нивната одлука, ќе следи долготрајна криза и нестабилност, од потежок карактер од сегашниот. Време е на уцените на албанските партии и нивните и непринципиелни барања да им се стави крај, затоа што секое одложување на тоа, ќе значат нови акти на уцени и агресија во иднина“.

Тврдокорни очекуваат во иднина да остварат средба и со раководството на ВМРО-ДПМНЕ и ги повикуваат двете најголеми македонски политички партии да ги одвратат своите членови кои во иднина ќе повикаат на меѓу-македонски судири, и да престанат со вандалските акти на напади кон своите неистомисленици.

„Меѓу-македонски судир, во моменти кога државата и нејзините институции се клекнати на колена, може да значи почеток на крајот на нашата сакана татковина!“, велат од Тврдокорни

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -