13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Баерн Минхен го понижи Арсенал, Реал Мадрид за класа подобар од Наполи

Тимовите на Баерн Минхен и Реал Мадрид се првите четвртфиналисти во Лигата на Шампионите оваа сезона, откако вечерва само ги потврдија улогите на фаворити во однос на Арсенал и Наполи.

Баерн Минхен го декласираше Арсенал, па по победата од 5:1 во Германија, „баварците“ среде Лондон ги посрамотија „топчиите“, победувајќи ги со идентични 1:5 и елиминирајќи ги момците на Венгер во вкупни 10:2.

Арсенал одигра добро само во првиот дел, каде Волкот успеа да постигне гол за водство со кое се замина и на одмор. Сепак, во 55. минута Кошчиелни заработи црвен картон, а Левандовски од пенал изедначи на 1:1. Во продолжение гостите од Германија преку Робен, Коста и надвапати Видал дојдоа до убедлива победа.

Реал Мадрид од Шпанија имаше предност од 3:1, пред гостувањето во Неапол против Наполи, каде успеа да оствари уште една победа, идентична со 1:3.

Сепак, не беше се така сјајно за „кралевите“, кои на средината од првиот дел имаа негатива од 1:0, откако Мертенс постигна гол, а домашниот тим имаше уште неколку шанси за нов погодок. Откако тоа не беше реализирано, на сцена стапи Серхио Рамос, кој најпрво изедначи на 1:1, а подоцна погоди и за комплетен пресврт. Вториот гол според официјалната статистика е запишан како автогол на Мертенс, иако дефанзивецот на Шпанија беше најзаслужен за водството. Потврда на победата стави Алваро Мората во судиското продолжение.

Утре на програмата се уште два осминафинални натпревари: Барселона – ПСЖ и Борусија Дортмунд – Бенфика.

поврзани објави

Последни објави