fbpx
-4.2 C
Skopje

Ako сте во Германија или Швајцарија и слабо заработувате: Швајцарско село нуди 60.000 евра за да се преселите семејно таму

АКТУЕЛНО

Според предлозите на локалната самоуправа, а поради зголемено иселување, општината Албиен во Швајцарија, на четиричлено семејство би му дало 70.000 франци, или 60.000 евра ако се одлучат да живеат таму.

Малото село има околу 240 жители, а морале и да го затворат училиштето поради немање доволно ученици.

За купување или изградба на куќа мора да вложите најмалку 200.000 франци (повеќе од 170.000 евра) и тоа мора да ви биде постојан дом, а не викедница и за тоа на новите жители ќе им бидат понудени по 25.ооо франци за секоја возрасна личност во семејството и додатни 10.000 за секое дете- пишува Локалњуз

Тоа е вложување во селото – пишува локалниот весник и се надеваат дека во најдобар случај ќе се активира и училштето.

Албинен не нуди многу можности за вработување, но сепак големите градови се наоѓаат на половина час возење и лесно ќе најдете работа, а во близина се наоѓа и СПА центарот Лукербад.

Следуваат 12 необични факти за оваа богата земја:

Доколку среде ноќ во Швајцарија падне снег, обичнио улиците целосно се затрупани. Меѓутоа можете да бидете сигурни дека ќе бидат исчистени до осум часот изутрината.

Во случај на нуклеарна војна Швајцарија има бункери, во кои може да се сместат сто проценти од населението на државата.

Во случај на војна автопатите можат да се претворат во писти за полетување и слетување на авиони со брзо отстранување на оградите, кои ги делат коловозните ленти за спротивната насока.

Швајцарија е толкумала, така што нејзините пилоти до неодамна не го пробиваа звучниот ѕид. Сепак се договориле со Французите дека за тие потреби можат да го користат францускиот воздушен простор.

Во Лозана, со цел да се оптимизира данокот за собирање на отпадот, направени се стандардизирани канти за отпад. Доколку фрлите повеќе отпад, повеќе ќе платите, а доколку не ги користите своите канти за отпад тогаш ќе платите казна.

Швајцарија има четири официјални јазици, германски, француски, италијански и реторомански. За да се разберат едни со други зборуваат англиски.

Швајцарските произведувачи на чоколадо, развија техника за производство на овој десерт со злато, кое се јаде.

Доколку Швајцарите сакаат да ја затвора својата земја, тоа би можеле да го сторат само неколку војници, бидејќи тунелите и бројните автопати имаат челични цевки, кои би можеле да бидат подигнати со притискање на копче. Во случај на инвазија, како барикади би се користеле одамна посадени стебла. Тие во тој случај би биле исечени и ставени на патиштата.

Сите Швајцарци возат автомобили, кои изгледаат како нови. Полицијата имено може да ги казни возачите, кои возат автомобил со оштетувања, дури и доколку станува збор за гребнатинка.

Многу компании вработуваат луѓе на работни места, кои можат да бидат автоматизирани, бидејќи швајцарската држава одлучила да ја укине невработеноста. Работодавачот, кој ќе вработи човек, наместо да купи машина, која ја врши истата функција, добива државни бенефиции.

Со еден билет можете да се возите во сите возила на јавниот сообраќај во целата држава.

1Швајцарците на невработените им исплаќаат месечен надомест во период од две години од невработеноста, а во пакетот е вклучен и годишен одмор, патните трошоци за одмор и сместувањето.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -