3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Поранешната најдобра тенисерка најави крај на кариерата

Поранешниот светски рекет број еден Ана Ивановиќ соопшти дека се повлекува од тенисот. 29-годишната Србинка денеска на нејзиниот официјален профил на Фејсбук напиша дека веќе не може да го достигне своето највисоко ниво на игра.

Ивановиќ, која е мажена за германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, беше број еден на ВТА листата во 2008 година, кога ја победи Динара Сафина во финалето на Ролан Гарос.

Таа освои 15 ВТА титули и беше финалист на Ролан Гарос во 2007 година и на Австралијан Опен во 2008 година. Ивановиќ се мачеше со пад на формата по титулата на францускиот гренд слем и имаше долги периоди без поголем успех. Во 2015 година таа стигна до полуфинале на гренд слем за првпат по седум години на Ролан Гарос.

Ивановиќ ја заврши 2016 година на 63. место на ВТА листата откако ја заврши сезоната уште во септември поради повреда.

поврзани објави

Последни објави