fbpx
17.8 C
Skopje

Пешак жртва на тешка сообраќајка во Тетово

АКТУЕЛНО

Х.П. (39) од Тетово загина доцна попладнево во тешката сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово.

Во пешакот Х.П. удрил автомобил „фолксваген поло“ управуван од Б.А. (21), исто така од Тетово. Пешакот починал во тетовската клиничка болница. И шоферот на возилото бил пренесен во болница.

Увид на местото од сообраќајката извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -