Веројатно за овој 8-ми март Русинките добиле најубав поклон.
Додека цвекињата и чоколадите се вообичаен поклон кој жената го добива за празникот, некој во Русија нашле необичен начин да измамат насмевки на понежниот пол и да им го разубават денот.
На еден од ѕидовите во Кремељ може да се види голема слика на мапата на Русија од цвекиња во боја на руското знаме со пораки, додека припадниците на полицијата смислиле многу креативен начин формирајќи го бројот осум и цветови со совјте автомобили и тела.
Денот на жената го честиташе и еден пилот правејќи џиновски број осум со својот авион.