23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

ВИДЕО: Напад на болница во Кабул, убиени се 30 луѓе, повредени 50

Министерството за одбрана на Авганистан денеска соопшти дека во напад врз војната болница во Кабул, за кој одговорност превземала Исламска држава, убиени се триесет луѓе, додека најмалку пеесетмина се повредени.

Генералот Давлат Вазири рекол дека безбедносните сили во потполност ја превземале болницата во своја контрола и дека нападот е завршен.

Нападот е изведен на болницата која се наоѓа во близина на амбасадата на САД во Кабул, во дипломатска зона која е под силно обезбедување.

После шест часовни пукотници операцијата е завршена, пренесуваат од министерството. Нападот започнал со експлозија во задниот дел на болницата кој ја извел бомбаш-самоубиец, а потоа и останатите отвориле оган.

Напаѓачите облечени како чекари заземале позиција на горните спратови во болницата и влегле во пресметка со безбедносните сили на Авганистан, кој меѓувреме го блокирале цело подрачје.

поврзани објави

Последни објави