Претседателот на Движењето за реформи ДПА, г. Зијадин Села денеска во просториите на Американската Амбасада во Македонија, оствари средба со високи претставници на Американската Амбасада, се вели во соопштението од Движење за реформи ДПА.
На средбата, како што велат од таму, се дискутирало за актуелната политичка состојба и конструктивниот однос на Алијансата на Албанците во однос на изнаоѓање решение за излез од актуелната политичка криза.
На средбата се разговарало и за понатамошното функционирање на СЈО како едно од барањата содржано во заедничката платформа на албанските политички партии во Република Македонија, но и за законот за употреба на албанскиот јазик како легитимно барање на албанските гласачи, произлезено од волјата на мнозинството Албанци од последните избори.