13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ФОТО: Жени кои го променија животот на фудбалските ѕвезди

На денот на жената – 8-ми март “Чемпионат” раскажа за 7 жени, на кои не им било лесно со своите омилени – познати фудбалски ѕвезди. Секоја од нив влијаела на кариерата на нејзиниот сопруг.

Пике и Шакира

Тие двајца почнаа да се гледаат по мундијалот во Јужна Африка од 2010 година. На почетокот се обидоа да ја кријат нивната врска бидејќи постојано беа следени од папараци. Огромниот притисок од медиумите го отргна Пике од терените, а тогаш реагираше Гвардиола. Тој го натера Пике да го среди својот приватен живот и тогаш Пике и Шакира одлучија да не се кријат и решија отворено и јавно да бидат во врска, без разлика колку тоа ќе го наруши нивниот приватен живот. По нивното стапување во врска, Пике стана се по актуелен на социјалните мрежи особено на Твитер, каде што преовладуваше неговото чувство за хумор.

Шакира можеби е единствениот пример за жена, која му помага на својот сопруг – фудбалер да стане по медиумски застапена личност, без да навлегува во областа на спортот

Софија и Луис Суарез 

Амбициозно девојче се вљубува во момче од беден квартал. Токму сопругата на Луис е онаа која го убедила Луис да заигра за европски клуб, со крајна цел да стане познат фудбалер. За да го стимулира Луис и Софија заминала во Европа. Таа започнала да работи и учи во Барселона. Сега Суарез вели дека неговата кариера се должи токму на поддршката на Софија.

Дани Костер и Јохан Крјоф

Синот на семејство на мала продавница за зеленчук израснува како анархист и бунтовник. Кога се вљубува во Мис Холандија за 1967 година и ќерка на еден од најбогатите луѓе во градот, тоа изгледало непријатно за сите. Највеќе за нејзиниот татко, почитуван златар. Јохан бил малку хипи, пушел во соблекувалната и едноставно не одговарал на условите за зет во ова семејство.

Тогаш Дани решава да се зафати со фудбалерот. Таа го натерала тој да се образовува, а сите негови финансии ги предала во рацете на нејзиниот татко.

Кариерата на Кројф поминала под надзор на неговиот дедо. Многумина сметале дека жена му имала преголемо влијание врз него, но тоа на Кројф не му сметало.

 

поврзани објави

Последни објави