Тимот на Барселона го испиша најголемото чудо во историјата на модерниот фудбал, откако во осминафиналето од Лигата на Шампионите го елиминираше ПСЖ со вкупни 6:5, иако во првиот натпревар имаше негатива од 4:0.
„Каталонците“ добро го започнаа натпреварот, па по само три минути Луис Суарез погоди за 1:0, а пред полувремето Курзава ја погоди својата мрежа за 2:0 и најава за големи драми за вториот дел.
Продолжи Барселона добро, па Меси од пенал во 50. минута зголеми на 3:0. Сепак, надежите за момент згаснаа откако Кавани во 62. минута погоди за 3:1.
Вистинското чудо се случи во последните минути од средбата, кога Нејмар успеа од слободен удар во 88. минута да зголеми на 4:1. Бразлиецот зголеми и на 5:1 во 91. минута од пенал, а вистинскиот шлаг на тортата го стави Роберто во петтата минута од судиското продолжение.
Во вториот осминафинален натпревар кој се одигра вечерва, Борусија Дортмунд со 4:0 ја победи Бенфика и обезбеди пласман понатаму. Вчера својот прогрес во осумте најдобри го заверија Реал Мадрид и Баерн Минхен.