13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Џенифер Лопез има нов дечко

Преубавата латино пејачка Џенифер Лопез има нов дечко, пренесуваат повеќе светски таблоиди. Таа повторно е заљубена иако врската трае само неколку недели.

Станува збор за бејзбол ѕвездата Алекс Родригез кој е помлад шест години од Лопез, кој неодамна ја прекина својата врска, а претходно се има забавувано со Камерон Дијаз и Кејт Хадсон.

„Таа повторно го врати сјајот во своите очи, изгледа навистина возбудено. Познато и е дека тој е женкар и ќе мора да внимава. Засега само се забавуваат“, открил близок извор до пејачката.

Лопез која има 47 години, ја прекина својата врска со раперот Дрејк, а од својот брак со Марк Ентони има две деца. Родригез исто така е татко на две деца.

поврзани објави

Последни објави