fbpx
11.8 C
Skopje

Велика Британија со проблеми во здравството?

АКТУЕЛНО

Британскиот министер за финансии Филип Хамонд ќе го искористи претставувањето на буџетот, за да објави дека повисоките даночни приходи како резултат на подобрата од очекувањата економија ќе бидат искористени за акумулација на резерви од 60 милијарди фунти. Тие ќе се користат за да се надмине несигурноста околу „Brexit“, наместо за зголемување на трошоците за националното здравство, објави „Independent3.

Хамонд ќе објави дополнителни 1,3 милијарди фунти за социјални грижи, но министерот за финансии во сенка Џон МекДонал предупреди дека 12 милијарди фунти треба веднаш да бидат пренасочени кон здравството, бидејќи таму „во моментов има криза“.

Во пренос на „ВВС“ во неделата Хамонд, предупреди дека Велика Британија ќе биде подготвена „да го возврати ударот“, а не „да се скрие во аголот“, ако не се постигне бизнис трансакција со ЕУ. Покрај тоа, мора да се „потрудиме“ да закрепне британската економија.

„Ако има некој во Европската унија, кој смета дека ако не постигнеме договор со Европската унија, ако не продолжиме да работиме во тесна соработка, Велика Британија само ќе се скрие како рането животно, тоа нема да се случи“, изјави Хамонд.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -