fbpx
10.8 C
Skopje

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на средба со Ламберто Заниери

АКТУЕЛНО

Лидерите на политичките партиии мора да се соочат со предизвиците, да ги надминат партиските интереси и да ја решат актуелната политичка криза за доборото на сите граѓани, порача на социјалните мрежи генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер.

„Надминувањето на политичката пат-позиција и враќањето на политичката стабилност мора да бидат највисок приоритет. Клучот за решението лежи во рацете на политичките актери кои треба да се справат со предизвикот и да ја решат кризата за доброто на сите граѓани“, изјави Ламберто Заниер, генералниот секретар на ОБСЕ

Тој во своето писмено соопштение ги охрабрува сите релевантни страни на Охридскиот рамковен договор да останат посветени на неговата импленетација.

Тој оддржа средба и со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Мнозинската волја на граѓаните на Р.Македонија изразена на изборите е загрозена од уставната криза што ја предизвика Ѓорѓе Иванов со одлуката да не го даде мандатот за формирање Влада и покрај обезбеденото мнозинство од 67 пратеници во Собранието за кои гласаа околу 700.000 граѓани. Ваквото продлабочување на политичката криза е со цел да му се остави простор на Никола Груевски, кој преку провокации и насилства се обидува да спречи мирен транфер на власта. Интерес на граѓаните и државата е да се формира Влада согласно изразената мнозинска волја и да се врати нормалното функционирање на државата. Потребно е Иванов веднаш да ги одблокира процесите, да ја смени својата неуставна одлука и да го даде мандатот за формирање на Влада“, рече Заев на средбата.

Тој ја истакна јасната  определба на СДСМ и граѓаните за промени, правда и нови економски политики што ќе придонесат кон добар животен стандард и дека е тоа возможно само со нова реформска Влада посветена на граѓаните и на евро-атлантската интеграција на земјата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ беше изразено незадоволство од Тиранската платформа  која се создаде под покровителство на соседна држава и преставува обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор, како и дека таквата платформа не беше гласана и не доби доверба од граѓаните на последните избори.

На средбата беше истакнато од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека е нарушен е принципот на коалицирање на победник со победник, кој што беше силно застапуван од ДУИ, но и од претставниците на меѓународната заедница, и пријателските држави. Нарушувањето на овој принцип значи исклучување на мнозинството македонци од процесот на одлучување, што преставува изигрување на нивната волја изразена на последните избори.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -