7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Хелбах: Иванов да овозможи брзо формирање влада

Специјалниот ополномоштеник на германското МНР за Југоисточна Европа и Турција Кристијан Хелбах по разговорите во рамки на дводневната посета на Скопје рече дека е потребно брзо формирање на Влада која ќе биде посветена на итните реформски приоритети.

Тој истакна дека се надева оти претседателот Иванов ќе му дозволи на парламентарното мнозинство да формира Влада.

„Убедени сме дека претседателот ќе покаже мудрост и ќе ги почитува резултатите од неодамнешните избори и ќе му дозволи на мнозинството во Парламентот да формира влада што е можно поскоро. Парламентот мора да биде способен по оваа долготрајна криза да ја преземе својата работа со цел да се посвети на итните прашања пред кои е исправена земјата“, рече Хелбах

Тој ги повика сите политички партии во Република Македонија да дејствуваат одговорно со цел да се избегнат потенцијални тензии во државата.

поврзани објави

Последни објави