6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Рочиштето за насилствата во Општина Центар без Груевски и останатите, проблемот е Фетаи

На денешното рочиште за насилствата во Општина Центар не се појавија обвинетите, поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, пратеничката Даниела Рангелова и уште 11 обвинети.

Покрај обвинителите од СЈО, Катица Јанева и Фатиме Фетаи, на рочиштето присуствуваа адвокатите на одбраната Никола Додевски, Боро Тасевски и Петар Василев.

Од одбраната на обвинетите, адвокатот Додевски порача дека на судницата никој од обвинетите не присуствува поради тоа што не е постапено според одлука на Советот на јавни обвинители, каде се бара Фатиме Фетаи да биде отстранета од овој случај.

Катица Јанева пак порача дека го добиле дописот од Советот на јавни обвинители, но не кажа дали ќе го спроведе нивното барање и дали Фетаи ќе биде отстранета од овој случај.

Следното рочиште е закажано за 3 мај.

поврзани објави

Последни објави