6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Со секира дивеел на главна железничка во Диследорф – петмина повредени

Неколку часови се одвивала вистинка драма на главната железничка станица во Диселдорф, Германија, откако лице со секира дивеело при што повредил петмина луѓе, од кои тројца потешко.

Напаѓачот најпрво започнал со нереди во возот, а истото продолжило и на главната железничка станица во Дизелдорф, а откако им нанел повреди на случајните минувачи одел по шините, по што скокнал од висок мост, при што се повредил и бил префрлен во болница.

Од полицијата преку „Твитер“ објаснија дека лицето живее во градот Вупертал, а има потекло од поранешна Југославија. Најверојатно напаѓачот дејствувал сам и се верува дека има психички проблеми.

Додека се одвивала целата драма, железничката во Диселдорф била евакуирана и затворена неколку часови. Работата сега се одвива во нормален тек.

поврзани објави

Последни објави