Италијанскиот калчолигаш Палермо се наоѓа во големи проблеми, во обидот да се избори за опстанок во Серија А, а вистинскиот спасител би можел да биде Клаудио Раниери.
По отказот кој го доби стратегот од Лестер, веќе има повеќе понуди на своја адреса, а досега најзаинтересиран е Палермо, кој направи промена во раководството и ќе започне да работи со поинаква стратегија.
Во тимот на Палермо со успех настапуваат Илија Несторовски и Александар Трајковски, особено Несторовски кој веќе има постигнато 10 голови и „сам“ го држи тимот со шанси за опстанок во Серија А.
Раниери веќе има работено во Италија, како стратег на Каљари и Фиорентина, а веројатно нема да му биде проблем да прифати богата понуда, но потоа ќе има и пеколна задача, да го спаси Палермо од испаѓање во Серија Б.