6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Обвинетите за „шамарите“ во Центар не се појавија во судот: Судењето одложено за мај

Обвинетите во случајот „Насилство во Центар“ денеска не се појавија во судот. Како што информира адвокатот на поранешниот премиер Никола Груевски и на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски рече дека при вршење на увид во списите утврдиле дека денешното рочиште ќе биде одложено поради тоа што Советот на јавни обвинители не определил нов обвинител во предметот како што побара судијката Татјана Михајлова

„Констатиравме дека од страна на судијата побарано е од Советот на јавни обвинители да одреди други обвинители во предметот поради однесувањето на обвинителките Фатиме Фетаи и Катица Јанева на минатото рочиште. Вчера при вршење на увидот, исто така, констатиравме дека сè уште нема одлука од Советот, што беше очигледно дека денеска не постојат процесни претпоставки да се одржи рочиштето“, изјави адвокатот Никола Додевски.

Судијката Татјана Михајлова не сакаше да каже зошто зошто тие не се појавиле на судењето. Таа освен обвинетите,  побара на следното рочиште да бидат повикани и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, претседавачот на Советот на општината Мирослав Шиповиќ како и другите сведоци.

Според адвокатот на Никола Груевски, не постојат услови за да се одржи главно рочиште затоа што и покрај барањето на Советот на јавни обвинители да се изземат од судењето обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи, тие повторно го водат случајот.

поврзани објави

Последни објави