23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

ОН ги обвини, официјална Анкара го отфрли извештајот на ОН за кршење на човековите права

ОН ги обвинија турските сили за тешко кршење на човековите права за време на немирите во југоистокот на Турција, каде повеќе од 2000 лица го загубија својот живот и тоа во период од 18 месеци.

Денеска Турција го отфрли извештајот на Обединетите нации за кршење на човековите права. Тие го оценија извештајот како „пристрасен и заснован врз лажни информации“.

„Извештајот во најголем дел е пристрасен и составен врз основа на лажни податоци далеку од професионалните стандарди“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

За време на тогашните немири во Турција, над 335 илјади луѓе, повеќето Курди, се раселени.

поврзани објави

Последни објави