23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

МВР: Лага е дека Лирим – Јакупи Нацист е во Шар Планина заедно со 80 вооружени лица

Министерството за внатрешни работи преку соопштение ја информира јавноста дека информациите што беа објавени деновиве во медиумите дека, наводно, лицето Лирим Јакупи Нацист се наоѓа на Шар Планина заедно со 80 вооружени лица, се лага.

„Во врска со информациите што деновиве беа објавени на некои веб-портпали дека, наводно, лицето Лирим Јакупи-Нацист се наоѓа на Шар Планина заедно со 80 вооружени лица, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ја информира јавноста дека се преземени сите активности и дека, во соработка со институциите во Косово, добиена е информација дека лицето Лирим Јакупи-Нацист се наоѓа во домашен притвор во Косово“.

поврзани објави

Последни објави