17.8 C
Skopje
Tuesday, November 5, 2024

Меркел со поддршка до Холандија

Во спорот меѓу Холандија и Турција, германската канцеларка Ангела Меркел го поддржа својот сосед, пренесува телевизискиот канал ZDF.

„Холандија ја има мојата целосна поддршка и солидарност“, истакнала германската канцеларка.

Меркел исто така ја критикуваше споредбата што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја направи во своите коментарите за однесувањето на Холандија, нарекувајќи ја „нацистичка“ земја.

„Овие споредби водат кон целосно погрешни насоки и го омаловажуваат страдањето”, истакна Меркел

поврзани објави

Последни објави