13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Тилерсон го пречека Коѕиас во Вашингтон – прва средба меѓу двајцата министри!

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон вчера во Вашингтон го пречека неговиот грчки колега Никос Коѕиас.

На средбата се разговарало за повеќе теми, но посебен акцент било ставено на стабилноста и безбедноста во нашиот регион.

Во изјава за средбата, Коѕиас вели дека не го информирал Тилерсон на вообичаен начин, туку дека американскиот државен секретар сакал анализа на нашиот регион, и за тоа како може да има стабилност и безбедност, кои се силите и на кој начин се движат.

„Зборував за улогата на Грција, прашањата за стабилноста и безбедноста во регионот, геостратешките поместувања кои се случуваат“, изјави Коѕиас.

Тој додаде дека се осврнал и на Турција и оти ја објаснил неговата „добро позната анализа во однос на турскиот немир“, а Тилерсон слушал многу внимателно и со голем интерес. Со Тилерсон не се разговарало ниту за Суда, ниту пак било анализирано кипарското прашање.

„Не, не дискутиравме за специфични теми или специфични прашања. Тој најмногу слушаше. И тоа е познато во моментов: во ова време тој најчесто слуша. Ги слуша нашите мислења за тоа што треба да се направи со цел во регионот да владее мир. Јас, исто така, ја објаснив нашата позиција дека, за да има човекови права, треба да ги заштитиме животите на луѓето, и исто така, истакнав, колку за нас е важна безбедноста и стабилноста во источниот Медитеран и на Балканот. Му ги опишав и сите иницијативи што ги презедовме во Грција во текот на изминатите две години: шемите за трилатерална соработка, духот на Родос, и така натаму“, изјави Коѕиас.

поврзани објави

Последни објави