-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

„Apple“ инвестира во истражување во Кина

„Apple“ планира во иднина да отвори два нови центри за истражување и развој во Кина, каде се наоѓа клучниот пазар, па компанијата сака да има предност во однос на конкуренцијата.

И двата центри ќе бидат изградени во источна Кина односно во градовите Шангај и Суџоу, а „Apple“ веќе има два центри во Шенжен и Пекинг. За оваа инвестиција компанијата ќе оддели половина милијарда долари.

Ваков потег прават голем број на компании со цел да и покажат наклонетост на владата на Кина и да ги освојат симпатиите. Ваквите вести не се неочекувани, откако за прв пат во 2016 година имаше пад на годишна основа во однос на минатите години.

поврзани објави

Последни објави