Полициските сили го евакуираа и затворија парискиот аеродром „Орли“ поради обид на напад врз воена патрола.
Инцидентот се случил околу осум часот и 30 минути откако непознат маж се обидел да го земе оружјето на еден војник, при што напаѓачот е смртно застрелан откако се обидел да избега кон еден од магацините на парискиот аеродром.
Од министерството за внатрешни на Франција, соопштија дека нема повредени граѓани.
Истрагата продолжува и се проверува дали напаѓачот носел експлозиви.
Аеродромската зграда е блокирана и веднаш се испратени специјални полициски единици.
Министерот за внатрешни работи Бруно Ле Ру се наоѓа на местото на настанот.
https://www.youtube.com/watch?v=NoTbGDdjrSg