Зоран Заев најавува, СЈО извршува. На овој начин работи и функционира СЈО.
Со секоја своја постапка СЈО потврдува дека е алатка која треба да му помогне на аболицираниот криминалец Зоран Заев во разнебитувањето на државата.
Последниот нарачан атак од СЈО e атак врз медиумите кои не се под контрола на СДСМ и СОРОС.
СЈО влегува во отворена пресметка со сите медиуми кои беа прогласени лично од Зоран Заев за негови најголеми непријатели.
Проценката на СЈО, СДСМ и СОРОС е дека преку незаконски прогон и одредување на притвор на сопственикот на ТВ НОВА, Сеад Кочан ќе ги заплашуваат медиумите.
Со оваа постапка СДСМ и СЈО сакаат да ги цензурираат медиумите кои се не под нивна контрола, надевајќи се дека нема да известуваат за политиките на СДСМ кои се спротивни на највисоките државни и национални интереси на Република Македонија.
Оваа постапка има јасна цел.
Прво притисок и по можност згаснување на ТВ НОВА и започнување на пресметка со медиумите кои не се под контрола на СДСМ и СОРОС.
Второ, испраќање порака и заплашување до сите медиуми кои не мислат како аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите сценаристи, дека доколку не ја сменат уредувачката политика по желба на Заев, ќе се соочат со политички прогон, притисоци, притвори и други чекори кои не се засновани на закон и владеењето на правото.
СДСМ која ги изгуби последните парламентарни избори, пробува да ја заобиколи волјата на граѓаните и преку Тиранската Платформа и СЈО да дојде на власт.
Овој чин е крајно недемократски и претставува обид за загушување на демократијата и на медиумските слободи во Македонија.
Незаконското одредување притвор под притисок на СЈО, СДСМ и Заев, на сопственикот на ТВ НОВА дополнително и многу сериозно ќе ја продлабочи политичката криза во земјата.
Вака СДСМ ја замислува слободата на медиумите. СДСМ сака да ја врати Македонија во 90-те години“ изјави Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.