7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Ердоган: Без размислување ќе го потпишам законот за враќање на СМРТНАТА КАЗНА!

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека очекува Парламентот да го усвои враќањето  на смртната казна по одржувањето на референдумот за проширување на претседателските овластувања на 16 април.

„Семејствата на мачениците, хероите, не треба да се грижат. Верувам, со божја волја, дека по гласањето на 16 април, Парламентот ќе направи се што е потребно кога се во прашање вашите барања поврзани за смртната казна“, истакна Ердоган, додавајќи дека „без размислување“ ќе го потпише законот за враќање на смртната казна.

Западните медиуми оценуваат дека со ваквиот потег би можело да се стави крај на патот на Турција кон членство во ЕУ.

поврзани објави

Последни објави