3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

„НЕ НА ДИКТАТУРАТА, ДА НА ДЕМОКРАТИЈАТА: Десетици илјади Курди протестираа против политиката на Турција

Десетици илјади Курди излегоа на протест во германскиот град Франкфурт, насочен против политиката на власта во Турција.

„Не на диктатурата, да на демократијата и слободата“ е мотото на протестот, кој според податоците на полицијата брои околу 30 илјади протестанти. Организаторите на протестот се изненадени од ваквата бројка.

Претходно во интервју за локално издание во Германија, министерот за надворешни работи на Германија, истакна дека Турција е дефинитивно најдалеку од било кога од претворање во член на ЕУ.

“Денес Турција е дефинитивно далеку од било кога од претворање во член на ЕУ”, истакна Габриел, додавајќи дека отсекогаш имал сомневања во однос на тоа дали Анкара треба да биде дел од европското семејство.

поврзани објави

Последни објави