15.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

Г-20 не успеа да постигне согласност за протекционизмот и климатските промени

Министрите за финансии на земјите од Г-20 нема да ги вклучат темите за активностите против протекционизмот и борбата со климатските промени во завршната декларација на нивниот состанок поради противењето на САД. По два дена разговори министрите велат дека ќе “работат за зголемување на придонесот на трговијата кон економиите на земјите на ЕУ”, но нема да повикаат за отфрлање на протекционизмот во завршната декларација.

Oд доаѓањето на нејзината власт администрацијата на Доналд Трамп презема политика на заштита на американските производители против конкурентниот увоз и го скратува финансирањето на институции кои се занимаваат со истражување и заштита на животната средина.

Неуспехот на министрите да се договорат за меѓународната трговија и климата го предизвика францускиот министер за финансии Мишел Сапин да изјави дека жали за неуспехот на дискусиите да доведат до задоволителен резултат и дека неговата земја ги отфрла сите еднострани протекционистички мерки.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави