4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Само поглед е доволен за да процените колку е „издржлив“ мажот

„Научници тврдат дека само еден поглед е доволен за да се процени колку еден маж е добар в кревет“, пишува „Дејли Мирор“.

Имено, за да ја дознаете предвреме „издржливоста” на вашиот додворувач, доволно е само да му ги погледнете рацете. Ако домалиот прст му е еднаков или пократок од показалецот, чувајте го!

Со оние мажи пак, на коишто домалиот им е подолг од показалецот, жените нема подолго да уживаат.

Доктор Дејвид Голдмајер тврди дека тоа е поврзано со тестостеронот на кој човекот бил изложен уште во мајчината утроба. Колку што изложеноста била поголема, толку и домалиот прст ќе биде подолг од показалецот.

„Високото ниво на тестостерон може да влијае на делот од мозокот одговорен за контролирање на ејакулацијата“, додава Голдмајер.

Некои претходни истражувања покажаа и дека мажите со подолг домал прст, имаат и подолг пенис, помал ризик од болести и поголема веројатност да станат успешни спортисти.

поврзани објави

Последни објави