fbpx
33.8 C
Skopje

Преживеа во несреќата на Чапекоенсе, сега го очекува натпревар против Барселона

АКТУЕЛНО

Еден фудбалер на бразилскиот клуб Чапекоенсе кој ја преживеа авионската несреќа наскоро ќе се врати на терените и тоа во својот прв натпревар би можел да игра против Барселона.

Во прашање е Алекс Рушел кој за прв пат после несреќата одработи целосен тренинг. Од падот на авионот поминаа точно 241 ден, а авионската несреќа практично го избриша целиот тим на Чапекоенсе.

Несудениот финалист на Купа Судамерикана на 28 ноември минатата година на пат кон првиот натпревар за престижниот трофеј доживеаа несреќа, нивниот авион се сруши на планините над Меделин каде што ги чекаше нивниот ривал во финалето, Атлетико Насионал. Од 77 луѓе во авионот, дури 71 го загубија животот. Помеѓу преживеаните имаше и три члена на првиот тим на Чапе, голманот Жаксон, кој остана без нозе, дефанзивецот Нето и Алекс Рушел.

Токму последниот би можел конечно да одигра официјален натпревар и тоа не против било кого, туку против еден од најголемите клубови во светот, Барселона.

Рушел конечно успеа да „истрча“ цел тренинг, за разлика од Нето кој сеуште не успева да се врати во форма, па така Рушел можеме да го очекуваме да го видиме во составот на бразилскиот клуб против шпанскиот гигант.

Натпреварот е закажан за на 7 август и ќе биде одигран во рамките на трофејот „Жоан Гампер“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -