12.8 C
Skopje
Saturday, November 2, 2024

Скопјанец сакал да се збогати со лажни платежни картички

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднесе кривична пријава против лицето У.М. (33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“, предвидено и казниво по член 274-б ст. 2 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Пријавениот, со намера да се стекне со противправна имотна корист, на нелегален начин на интернет набавил податоци од вистински платежни картички, односно од носителите на странски платежни картички, со кои извршил повеќе успешни и неуспешни трансакции на виртуелни ПОС терминали кај домашни трговци на нивните интернет страни.

Пријавениот имал повеќе успешни нелегални трансакции од 66.112 денари, како и повеќе неуспешни нелегални трансакции од 1.571.221 денари.

У.М. ги правел нелегалните трансакции со вкупно 114 странски платежни картички во 117 обиди во периодот од февруари до мај 2017 година.

поврзани објави

Последни објави