fbpx
18 C
Skopje

ПСЖ и одржа лекција на Барселона, победа и за Бенфика

АКТУЕЛНО

Вечерва се одиграа првите два натпревари од осминафиналето во Лигата на Шампионите, неверојатен натпревар одигра тимот на ПСЖ, кој пред своите гледачи ја декласираше Барселона со 4:0.

На „Паркот на принцовите“ се случи неверојатен дебакл на „каталонците“, кои не беа на своето ниво. Домаќините го искористија тоа, па преку Ди Марија и Дракслер на полувреме имаа водство од 2:0.

Продолжија избраниците на Унаи Емери да играат феноменално и во продолжението, па со уште еден гол на Ди Марија и погодок на Кавани, остварија убедлива победа од 4:0, која беше и повеќе од заслужена.

Во вториот осминафинален натпревар, Бенфика пред своите гледачи со минимални 1:0 го совлада Борусија Дортмунд. Митроглу беше стрелец на голот во 48. минута од средбата. Само десет минути потоа Обамејанг можеше да изедначи, но не успеа да реализира удар од белата точка.

Реванш натпреварите ќе се одиграат во Германија односно Шпанија за 14 денови.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -