fbpx
16 C
Skopje

Рангелова: Зошто никој не ја искоментира изјавата на Дода – дека Македонија била Илирида?

АКТУЕЛНО

Претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка од редовите на оваа партија, Даниела Рангелова ја искоментира изјавата на Месила Дода од Албанија, која порача дека доколку Заев не им помогне на Албанците во Македонија, Илирида ќе одржи референдум за прогласнување на самостојност.

„Ни еден од присутните пратеници на СДСМ, а секако и пратениците и претставниците на албанскиот електорат во Република Македонија, не земаа за сходно да ја искоментираат изјавата на пратеничката Дода од партијата за правда од Албанија, во која кажува дека Македонија е албанска покраина и дека Македонија била Илирида“, истакна Рангелова.

Таа иако немаше право, индиректно му се обрати на Зоран Заев и го запраша зошто не ја искоментирал изјавата на Дода, воедно порачувајќи му на Димовски дека требало да го стори тоа.

„На крај мое прашање за колегата Димовски, да ги прашате колегите од ДУИ и пратениците од СДСМ дали тие поддржуваат дека некои лидери на албански политички партии коишто велат дека треба да премолчиме дека целиот свет знаел дека македонскиот народ нема свој идентитет, а само Aлбанците биле коректни и им помагале да го градат тој идентитет“, додаде Рангелова.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -